Малолетник од Свети Николе се здобил со тешки телесни повреди ноќеска откако паднал од мопед на коловозот на локалниот пат Свети Николе – село Кнежје.
– На 1 август 2021 во 00:45 часот било пријавено дека на локалниот пат Свети Николе – село Кнежје, мопед „априлија“, без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Свети Николе, паднал на коловозот, стои во полицискиот билтен.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.