Децата учесници во ликовниот клуб во склоп на проектот „Творилница“ викендов со своите цртежи го разубавија дворот на Националната галерија „Даут пашин амам“. Вчера и денеска на истата локација се реализираа ликовни работилници на отворено, дел од проектот „Творилница“ на Академијата за иновативно образование „Здравеј“- Скопје, кои започнаа со онлајн презентации и предавања на ZOOM минатиот месец.
Работилниците ги водат вон. проф. д-р. Александра Ристовска, гости предавачи се ликовната уметничка м-р Марија Сотировска (фрескопис) и Бојан Стојковски бодипејнтинг и стриит уметник.
Програмата за првиот ден предложи за децата учесници работа со акрилни бои на предлошка со поинтелистички стил и градирање на тонови, скици за мозаик, разбирање на перспективата во природата и нејзина апликација во сликарството, а исто така се одржа и работилница за бодиарт. Организаторите на настанот заедно со раководителот на проектот и на Академијата за иновативно образование „Здравеј“- Скопје, Илијана Атанасова, им се заблагодарија на сите што зедоа учество во ликовните работилници на отворено.
Проектот „Творилница“ се финансира од бугарската помош за развој, обезбедена од Министерство за надворешни работи Р. Бугарија.