Претседателот на државата Стево Пендаровски во Вила Водно се сретна со математичкиот генилајец од Тетово, Македон Димитриевски.  Освен тоа што малиот Македон решава математички задачи кои се за средно образование, тој зборува неколку јазици меѓу кои арапскиот и кинескиот.

-Ми претставува особена чест што имав можност да го запознаам Македон Димитриевски. Малиот генијалец фасцинира со своето знаење по математика, како и со говорењето на странски јазици.  Овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата. Да создадеме стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција, вели Пендаровски.

Седумгодишниот Македон Димитриевски од Тетово е мал генијалец, решава задачи кои се за средно одделение, зборува арапски, кинески…