Јаболката се преполни со витамини и сок, а често се една од најважните состојки во десертите. Кои и да ги користите – свежо набрани или купени на пазар, тие се еднакво вкусни, но имаат еден недостаток – еднаш пресечено јаболко во контакт со кислород оксидира и потемнува.
Тоа не го менува вкусот, како ни на крушките, бананите и авокадото што го имаат истиот проблем. Но ако сакате да приготвите убава пита од јаболка, треба да исечете поголема количина од ова овошје кое треба да стои и чека да биде приготвено. Во тој случај постојат многу совети како да се чуваат плодовите, но постојат два совета, кои ќе ги сочуваат вистинскиот вкус и изглед на јаболката.
Лимонов сок – овој совет колку и да е стар, функционира и нема причина да се откажете од него. Според него, јаболкото исечено на пола треба да се премачка со лимонов сок, чиј витамин Ц го запира процесот на оксидација и потемнување. Можете да користите чист лимонов сок или јаболката да ги ставите во сад со вода во која ќе додадете сок од лимон. Еднаш исцедените и исушени јаболка ќе ја задржат убавата боја.
Мед – ако немате лимон при рака искористете мед, кој ќе има ист ефект. Како се прави? Во сад ставете две лажици мед во голема чаша вода. Додајте ги исечените и излупени јаболка и чекајте околу пет минути пред да ги исцедите и исушите. Тогаш можете да ги ставите на тесто за пита или да ги употребите во зависност од вашата потреба.