Професорот Денко Малески вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека многу често се заборава дека многу често се заборава дека токму Слободан Милошевиќ го предизвикал НАТО за да интервенира.
„Непровоцирана, со ништо интервенција, оваа на Русите и една 10-годишна провокација на режимот на Слободан Милошевиќ на западниот свет. Многу често се заборава дека на интервенцијата на Косово и претходеше 10 години натегање со Милошевиќ во време во кое тој изврши геноцид во Сребреница, во кои што предизвика војни во Словенија, Хрватска, во БиХ една катастрофална војна“, вели Малески.