Нови 114 австриски пожарникари пристигнаа вчера во Малешевијата да ги заменат нивните 96 колеги, кои во изминатите неколку денови се бореа со пожарите. Донесоа и десетици противпожарни возила, опрема, дури имаат и свој камион-кујна. Нивната опрема е незамислива за нас.

Дојче Веле на македонски јазик направи репортажа од Малешевијата и со мештаните кои учествуваа во гаснењето на пожарите. Како што велат тие, доживеале културен шок споредувајќи го она што го имаат Австријците и она што ние го имаме.

-Во цела Македонија нема толку противпожарни црева колку што имаат Австријците во неколку камиони. Кога ја гледаме таа опрема, како да сме во временска машина што нѐ однела 200 години понапред, велат Малешевци.

Повеќе на „Дојче Веле“.