Легендарниот голман на Јувентус и на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Буфон, би можел ова лето да направи спектакуларно враќање во Серија А, и тоа во дресот на актуелниот првак Милан.
Италијанскиот медиум „Калчо Стајл“ објави изненадувачка вест дека Паоло Малдини го поканил Џанлуиџи Буфон (44) да дојде на „Сан Сиро“. Ова со оглед дека првиот голман на Милан, Мајк Мањан извесно време нема да биде на располагање. Буфон моментно игра за Парма во италијанската Серија Б./Makfax/