Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини потврди дека со Златан Ибрахимовиќ се е завршено. Швеѓанецот одлучи да го продолжи договорот со „Росонерите“ за уште една сезона. Актуелниот му истекува по крајот на оваа сезона, што значи дека и следната ќе го гледаме во дресот на Милан и тоа во Лигата на шампионите.
-Со оглед на тоа дека сме многу блиску до договор, постојат само мали детали, кои треба да бидат решени, можам да кажам дека се е готово, изјави Малдини пред денешниот меч со Парма.