Пред неколку дена Златан Ибрахимовиќ влезе во „клуб 500“ односно постигна 501 гол во својата кариера. Навистина игра фантастично оваа сезона во дресот на Милан и може слободно да се каже дека е лидер на „Росонерите“ иако има 39 години.

Поради тоа стигнаа најави дека Милан ќе го продолжи договорот со Швеѓанецот кој му истекува по завршувањето на оваа сезона. За ова беше прашан и спортскиот директор на клубот, легендата Паоло Малдини.

-Потребен ни е лидер како Ибрахимовиќ. Самиот посочи дека продолжување на соработката би зависела само од неговото тело, вели Малдини.

Легендата на Милан со ова веројатно сака да каже дека Ибра ќе има нов договор но доколку нема да има проблеми со повредите.

loading…