Две лица се уапсени за убиството на девојчето Данка Илиќ, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тие го признале убиството.

„Имам лоши вести за ова дете, за нашата Данка од Бор. Полицијата уапсила две лица кои ја убиле малата Данка, а колку што разбрав и двајцата го признале тоа. „Со какви чудовишта си имаме работа“, рече тој.

Сега ја водат полицијата до местото каде што го фрлиле телото на детето, посочи тој, пренесуваат српските медиуми.