Без разлика дали сме заинтересирани за астрологија или не, дали веруваме во неа или не, сите знаеме кој е нашиот хороскопски знак. Но, што ќе се случи ако на вообичаените 12 хороскопски знаци се додаде уште еден, 13ти знак? Според НАСА, постои тринаесетти астролошки знак наречен Офиух, кој би го сменил целиот поредок на Зодијакот.
Хороскопот се обидува да ја открие нашата судбина во однос на здравјето, работата и љубовта, додека студиите за астрологија се фокусираат на разграничување на карактеристиките на личноста според секој хороскопски знак поединечно, на силните и слабите страни, на афинитетите…Сепак, досегашното толкување на астролошките знаци, барем на дел од нив, може да пропадне поради откритието на 13. хороскопски знак. Всушност, НАСА предводена од Двејн Браун покажа дека има промени на нивото на соѕвездијата и дека, според тоа, би имало и други нови хороскопски знаци.
Традиционални хороскопски знаци
Теориите и студиите за хороскопските знаци имаат античко потекло. Тие датираат од времето на Вавилонците, а нивното знаење се темелеше на набљудувањето на небото и на неговите соѕвездија со голо око. Да ја разгледаме традиционалната поделба на знаците на Зодијакот со нивните датуми:
Овен: 21 март до 20 април
Бик: од 21 април до 20 мај
Близнаци: 21.05 до 21.06
Рак: 22 јуни до 22 јули
Лав: од 23 јули до 23 август
Девица: од 24 август до 22 септември
Вага: од 23 септември до 22 октомври
Шкорпија: 23 октомври до 22 ноември
Стрелец: 23 ноември до 21 декември
Јарец: 22 декември до 20 јануари
Водолија: од 21 јануари до 19 февруари
Риби: 20 февруари до 20 март
Со текот на годините, на секој од овие знаци им се припишуваа карактеристики и специфичности во кои сега се препознаваме, на пример, Девиците се уредни и прецизни, Јарците тврдоглави и интровертни, Раковите се романтични и меланхолични, Лавовите – енергични и одлучни. Но, што ако се ова не е баш така? Најновото истражување на НАСА изгледа навистина ги рзместува табелите.
Вашиот хороскопски знак е погрешен, според НАСА
Верувањата на сите љубители на астрологијата во хороскопот може да пропаднат за момент според она што го вели НАСА. Всушност, Национална аеронаутичко-вселенска управа тврди дека хороскопските знаци денес не се реални од две причини. Првата причина е поместување на соѕвездијата со текот на годините. Со оглед на гравитационото привлекување, Сонцето и Месечината предизвикаа осцилација на Земјата и на тој начин се случила промена во положбите на секое соѕвездите. Но, тоа не е сè.
Самите Вавилонци во текот на своите набудувања виделе тринаесетта констелација на Зодијакот, која, сепак, тие одлучиле да не ја вклучуваат во календарот за да имаат парен број, односно точно 12, како основа за рационално и геометриска поделба на космосот. Исклучениот знак се нарекува Офиух и неговото одбивање од хороскопскиот календар веќе го направи предмет на истражување, но и мистерија.
Офиух, тринаесеттиот знак на Зодијакот
Во реалноста, современото откритие на Офиух не датира од овие години. Прв што зборуваше за тоа беше астрологот Стивен Шмит во 1970 година, кој изгради хороскопски календар заснован на 14 хороскопски знаци, од кои, всушност, два беа нови. Едниот беше Офиух, а другиот Кит, веднаш исклучен од астролозите затоа што неговото соѕвездие не е пресечено од очигледниот пат на Сонцето на небесната сфера. Подоцна, во 1995 година, Валтер Берг и Марк Јазаки предложиле Зодијак со 13 знаци, со што го вклучиле само Офиух како нов знак и нивниот хороскопски систем наиде на многу успеси во Јапонија.
Името Офиух потекнува од латинскиот Ophiuchus, што буквално значи „оној кој доминира со змијата“. Всушност, неговото соѕвездите претставува човек кој држи голема змија во рацете. За разлика од традиционалните хороскопски знаци, поделени на оган, земја, воздух и вода, Офиух не е поврзан со ниту еден природен елемент. Неговиот период на влијание би бил од 29 ноември до 18 декември, на кој му претходи Шкорпија, а потоа Стрелец.
Според овие студии, припадниците на овој хороскопски знак би покажале посебна комбинација на главните карактеристики на Шкорпија и Стрелец. Тие имаат интровертен и медитативен карактер (карактеристики на водните знаци), но и позитивни се и желни да им помогнат на другите (карактеристики на огненинте знаци). Оние што припаѓаат на овој хороскопски знак би биле мудри луѓе, филантропи и борци за одбрана на вредностите и правата на другите.
Како изгледа новиот календар на хороскопските знаци
Затоа, како што веќе споменавме, поделбата на Зодијакот ќе треба да се преработи целосно. Секој знак би се поместил за околу еден месец, значително менувајќи ги датумите на почетокот и крајот на знакот.
Овен: од 19 април до 13 мај
Бик: од 14 мај до 19 јуни
Близнаци: од 20 јуни до 20 јули
Рак: од 21 јули до 9 август
Лав: од 10 август до 15 септември
Девица: од 16 септември до 30 октомври
Вага: од 31 октомври до 22 ноември
Шкорпија: 23 ноември до 28 ноември
Офиух: од 29 ноември до 18 декември
Стрелец: 18 декември до 18 јануари
Јарец: 19 јануари до 15 февруари
Водолија: од 16 февруари до 11 март
Риби: од 12 март до 18 април.