Поранешниот висок функционер на СДСМ, сега градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски преку социјалните мрежи порача дека францускиот предлог е штетен и порача на власта да не се обидува да ги убедува граѓаните дека е добар и треба да се прифати.

Не убедувајте не, овој предлог е штетен по македонскиот народ и државност, истиот нема да добие народна подршка. Од билатерален дозволувате да се трансформира во мултилатерален проблем со кој еден ден ќе се соочат нашите внуци и правнуци а дополнително се обидувате да ја
релативизирате тежината на предлогот, напиша кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на Фејсбук.

-Лидерството значи да мислиш и работиш за националните и државни интереси, не да го уриваш и подгазуваш тоа што предците ти го оставиле. Тоа што не го постигнаа во минатото со оружје во балканските, првата и втората светска војна, денеска се обидуваат по дипломатски пат да го постигнат со власт која за жал по сите досегашни постапки повеќе не го
застапува нашиот национален и државен интерес. Македонскиот народ и сите граѓани на Македонија како и многупати до сега низ историјата ќе го надминат и овој предизвик и сите заедно ќе излеземе посилни и пообединети ЗА НАША МАКЕДОНИЈА. Македонецот опевал и ќе опејува
многупати за јунаштво и подвиг но исто така и за предавство и
самопонижување… Вие самите од власта изберете си ја песната, јас мојата многу одамна ја избрав. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ!” пишува Димитриевски.