Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски потенцираше дека граѓаните во Куманово се најголемиот добитник по овие избори, бидејќи самите со нивното излегување и давање на поддршка на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ покажаа дека граѓанинот е пред политиката.

„Во иднина било кој политички субјект или било кој претендент за јавна или политички одговорна функција, првенствено ќе мора да стави акцент на граѓаните, а не на политиката. Бидејќи партиите се всушност направени од граѓаните за да бидат во функција на граѓаните. Граѓаните на овие избори покажаа дека се разочарани од погрешните политики кои што се имплементираат од страна на поединци кои добиваат можност да практикуваат власт“, рече Димитриевски.