Заклучно со вчера до 20 часот, тројца кандидати за претседател на државата ги собраа потребните 10.000 потписи. Максим Димитриевски, Арбен Таравари и Бујар Османи официјално влегуваат во претседателската трка. На добар пат се, иако уште им се потребни потписи, професорката Ванковска и Стевчо Јакимовски. Како што е позанто Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова не собираат потписи бидејќи имаат поддршка од најмалку 30 пратеници во Собранието. Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека на 3-ти март ќе собираат и потписи за Силјановска Давкова.