Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Кишињев изјави дека напорите на Молдавија да се приклучи на Европската унија се „совршено легитимни“.
-Франција ќе помогне да се постигне консензус меѓу членките на ЕУ за барањето на Молдавија да се приклучи кон Унијата на клучниот состанок на Советот следната недела, рече Макрон на заедничката прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду.
Молдавија, која граничи со Украина на исток и со Романија на запад, продолжува со напорите да се приклучи кон ЕУ поради стравот да не биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт, наведуваат британските медиуми.