Тоа што се случи во Вашингтон секако не е американски, изјави францускиот претседател Емануел Макрон од Елисејската палата на француски и на англиски јазик, јави дописникот на МИА.

На видеото објавено на социјалните мрежи околу три часот по полноќ по локално време Макрон побара „да не се попушта пред насилството на неколкумина“

Тој наведе и дека нема да се попушти пред насилството на неколкумина, кои сакаат да ја предизвикаат демократијата.

– Она што се случи во Вашингтон дефинитивно не е американски. Веруваме во силата на нашите демократии. Веруваме во силата на американската демократија, истакна Макрон и објави хаштаг „Ние сме едно“.