Францускиот претседател Емануел Макрон прв пат проговори за инцидентот кој се случи во вторникот кога еден граѓанин му удри шлаканица додека се поздравуваше со него.
Тој порача дека насилството е неспоиво со демократијата и дека без оглед на инцидентот и понатаму непосредно ќе комуницира со граѓаните во јавност.
-Го разбирам бесот кај граѓаните. Го прифаќам фактот дека постои лутина меѓу луѓето кои треба легитимно да ја изразат. Редовно сум во контакт со луѓе кои изразуваат бес и вознемиреност поради одредени одлуки, а секогаш сум тука тоа да го слушнам и понекогаш можат да дадм одговор на прашањата, а некогаш не. Меѓутоа насилството е целосно9 неприфатливо во демократијата, истакнува Макрон, пренесува Гардијан.
Во куќата на соучесник на човекот кој го удрил Макрон полицијата пронашла оружје, како и примерок на книга од Адолф Хитлер.
Уапсени се двајца мажи на возраст од 28 години, а еден од нив е и напаѓачот на Макрон.