Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги нарече херои полицајците кои беа нападнати во централна Франција кога интервенираа за да спасат жртва на семејно насилство.

„Тие се наши херои“, напиша Макрон на Твитер, изразувајќи солидарност со француската полиција по убиството на полицајците.

Тројца полицајци се убиени, а еден е ранет во пукање што се случило кога пристигнале во куќа во оддалечено село, одговарајќи на повик за семејно насилство врз жена, соопшти полицијата.

„Мажот кој е осомничен за нивното убиство бил пронајден мртов“, објави на Твитер министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин.