Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја именуваше актуелната француска амбасадорка во Велика Британија, дипломатот од кариера, Кетрин Колона, за нова шефица на француската дипломатија, соопшти Елисејската палата.
Актуелните министри за финансии и економија, Бруно Ле Мер и министерот за внатрешни работи, Жерар Дарманен, ќе останат на функцијата, додаде генералниот секретар на Елисејската палата додека го читаше новиот состав на владата, потврдувајќи ги претходните извештаи, пренесоа британските медиуми.
Министерката за индустрија во заминување Ања Пание-Рунаше ќе го преземе новото Министерство за енергетска транзиција, соопшти Елисејската палата.
Амели де Монхелен е назначена за нов министер за животна средина и климатско планирање.
Тие за работата ќе и одговараат на Елизабет Борн, која Макрон во понеделникот ја избра за нов премиер.
Таа е втора жена на оваа позиција во Франција.