Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе ѝ помогне на Палестинската самоуправа во изработката на устав за идната палестинска држава. Изјавата ја даде по средбата со Махмуд Абас во Париз.
Макрон најави формирање заеднички француско-палестински комитет кој ќе работи на правните, институционалните и организациските аспекти на идниот устав. Тој додаде дека Франција ќе обезбеди 100 милиони евра хуманитарна помош за Газа до крајот на годинава.
Абас истакна дека Палестина се залага за „држава посветена на дијалог, мир и владеење на правото“.
Франција, Велика Британија, Канада и Австралија годинава ја признаа палестинската држава, со што се приклучија на повеќе од 140 земји кои го поддржуваат нејзиното создавање. Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, го осуди овој чекор, оценувајќи дека со тоа „се наградува Хамас“.
Текстот Макрон: Франција ќе им помогне на Палестинците да изработат устав за идната држава е превземен од МАКФАКС.























