Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе ѝ се обрати на нацијата, најави Елисејската палата. Во соопштението не се наведени темите што Макрон би ги опфатил, но се очекува да бидат неговите приоритети за последните месеци од неговиот мандат, особено дали ќе продолжи со пензиската реформата предложена од неговата влада.
Тој исто така може да зборува за можните нови мерки за запирање на ширењето на ковид-19 по зголемувањето на бројот на инфекции во изминатите две недели.