Македонското МНР конечно се огласи за тројцата протерани руски дипломати од Македонија. Не се откриваат повеќе детали, но велат дека според добиените сознанија, тие работеле во спротивност на Виенската конвенција за дипломатски односи. Во соопштението од МНР се вели:

На 12ти септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata). Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи за превземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Од руското МНР, велат дека властите во Северна Македонија „продолжуваат да се движат по патот на влошување на конфронтацијата и да ги водат билатералените односи, во ќорсокак, кои и онака се во длабока криза.