Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази и јавната обвинителка во ОЈОГОКК Марија Ѓоргева денеска престојуваат во Приштина, Република Косово, каде остварија средба со Главниот државен обвинител Бесим Келменди и со специјалниот јавен обвинител Блерим Исуфај.
„На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка меѓу македонското и косовското обвинителство во борбата против организираниот прекуграничен криминал, но и против останатите кривични дела. Јавните обвинители разговараа и за интензивирање на каналите за меѓународна соработка во кривичната материја меѓу двете земји“, соопшти Обвинителството.
Текстот Македонското и косовското обвинителство ја унапредуваат соработката во борбата против организираниот криминал е превземен од МАКФАКС.