Европа, но и светот е шокирана од првите видеа објавени по повлекувањето на руските сили од северниот дел од Киев. Поточно руските сили се повлекоа од градот Буча, а утрово таму влегоа украинските сили. Но, призорот беше страшен, вознемирувачки. Тела на цивили имаше низ улиците, а пронајдени се и гробници. Наводно според извештаите во Буча останале околу 300 цивили, кои не успеале да се евакуираат. Голем дел од нив се убиени.
Shocking scenes of atrocities in #Bucha and other cities in #Ukraine committed by 🇷🇺 forces. #RussianAggression must immediately come to an end. Such acts of violence against civilians must be investigated & the perpetrators must be held accountable.
— MFA North Macedonia 🇲🇰 (@MFA_MKD) April 3, 2022
Отако европските и светските лидери го осудија злосторството, се огласи и македонското МНР.
Шокантни сцени на злосторства во Буча и други градови во Украина извршени од силите на Русија. На рууската агресија мора веднаш да и дојде крајот. Таквите акти на насилство врз цивилите мора да бидат истражени и сторителите мора да одговараат, се вели во бјавата на МНР на твитер.