Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра нерешено 2:2 против Словачка во рамки на вториот натпревар на меѓународниот „Анталија Куп 2021“.
По воведниот пораз против Казахстан од 2:1, избраниците на селекторот Благоја Милевски попладнево испуштија шанса за премиерната победа, откако примија два гола во завршните 15-ина минути.
Македонскиот состав поведе преку Дарко Чурлинов во 24 минута, а Мартин Радуловиќ Величковиќ ја удвои предноста во 54 минута.
Во завршните 30 минути уследи голем пад во играта на „црвено – жолтите“, што Словаците го искористија и најпрво во 76 ја преполовија негативата, а со автоголот на Радуловиќ Величковиќ во 89 минута стигнаа до бод.