Брзи тестови за вработените од приватниот сектор на државна сметка, бара Стопанската комора.
Ова, според извршниот директор Антони Пешев, е најмалку што може да го направи Владата во услови кога вакцинацијата е незадолжителна а се заканува нов КОВИД бран. Предупреди дека компаниите се кревки и не би издржиле уште еднаш да се под клуч.
„Не сакаме да се расправаме ни со синдикати ниту со некои други. Државата мора да најде механизам ако ништо друго да направи скрининг со евтини тестови и да се прави скринингот од време на време или да обезбеди тестови по исклучително ниски цени за да компаниите можат да го прават тој скрининг еднаш до два пати во месецот. Капацитетите на нашите компании не се такви да издржат уште еден локдаун“, вели Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора на Македонија, а пренесува Канал5.