Бугарската компанија Комак Медикал отвори два центри за вакцинација против Ковид-19 на граничните премини со С. Македонија, на кои ќе можат да се вакцинираат македонски граѓани. Како што јави бугарската телевизија БНТ, македонски граѓани ќе можат да се вакцинираат во меѓуграничната зона меѓу пунктовите Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село.
Мобилните канцеларии се наоѓаат во меѓуграничната зона, граѓаните нема да мора да влегуваат во Бугарија и затоа не треба да покажат негативен резултат на ПЦР тест. Оние коишто сакаат да се вакцинираат ќе можат да изберат помеѓу АстраЗенека, Бионтек/Фајзер и Модерна.