Македонските фудбалери што синоќа го победија актуелниот европски и четирикратен светски првак, репрезентацијата на Италија пристигнаа на аеродромот во Скопие.
Тие беа пречекани од голем навивачи и секако претставници на медиумите.
Македонија на гостински терен ја победи Италија и на тој начин ја елиминира од учеството на мундијалот во Катар. Тоа беше и најголемото спортско изненадување синоќа.
Интересен детал е фактот дека авторот на велемајсторскиот погодок во голот на Италија, Александар Трајковски не ја испушта топката со која што погоди од своите раце дури кога дава изјави за медиумите.