Две третини од Албанците во Северна Македонија силно ја поддржуваат Украина против руската инвазија, а над 67 отсто вината за конфликтот ја префрлуваат на Русија, покажува анкетата на Институтот Арбен Џафери спроведена кон средината на март.
Над 49 отсто од македонските Албанци ЕУ и САД ги сметаат како стратешки сојузници на Северна Македонија, додека Турција е на трето место со нешто над 11 отсто. За нив, Кина и Русија речиси воопшто не се перципираат како сојузници.
Од друга страна, мнозинството Албанци ги поддржуваат уставните измени, кои се услов за отпочнување преговори со ЕУ, додека помалку од третина се против тоа. Според анкетата, тие не веруваат дека земјата има капацитет да стане членка на Унијата во наредниот 10 години, додека околу 40 отсто веруваат во таквата можност.
Околу 90 отсто од Албанците веруваат дека има потреба за уставни измени, со кои јасно ќе се дефинира службената употреба на албанскиот јазик во земјата.