Министерката за одбрана Радмила Шекеринска преку социјалните мрежи информираше дека рано утрово нашиот потполковник пристигнал од Централноафриканската Република во Скопје.
Како што пишува Шекеринска добро го поднел летот и сместен е на Инфективната клиника.
-Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација, пишува Шекеринска.
Инаку, за овој македонски војник заболен од коронавирус во Африка информиравме вчера. Тој служи во рамките на Европската мисија во Јуќноафриканската Република.
Засега нема потврда дали се работи за африканскиот сој, кој е еден од најразорните видови коронавируси досега.