Филип Кузмановски минатиот месец настапуваше со нашата најдобра селекција на Светското првенство во Египет..

Играчите веќе се фокусираат на вториот дел од сезоната, така и македонскиот репрезентативец кој ги брани боите на Хановер.

По враќањето во Германија, нашиот среден бек беше тестиран на коронавирус и неговиот резултат се покажа како позитивен, а сите други негови соиграчи се негативни.

Оваа информација ја објавија од Хановер-Бургдорф, Кузмановски немал директен контакт со тимот и веќе се наоѓа во домашна изолација.

– Нашиот медицински оддел е во близок контакт со Филип за да продолжи внимателно да ја следи ситуацијата. Сега е важно тој брзо да се опорави и да може да се врати во тимот со добро здравје по карантинот дома – рече спортскиот директор на клубот, Свен-Сорен Кристоферсен.