Се ближи почетокот на зимскиот преоден рок во кој се очекува клубовите да направат измени во своите состави пред продолжението од сезоната.

Трансфер пазарот во Премиер лигата секогаш привлекува многу внимание, а британските медиуми препознатливи и по шпекулациите за тоа кој би можел да направи трансфер.

Една од новогодишните желби е и македонскиот репрезентативец Енис Барди кој моментно ги брани боите на Леванте со кој има договор до 30 јуни 2022 година. Ситуацијата со играчот на шпанскиот клуб ја следи премиерлигашот Њукасл предводен од менаџерот Стив Брус.

Првите луѓе од „Ст. Џејмс Парк“ посакуваат оваа зима да ангажираат еден играч од средниот ред, како и централен и среден бек.

Покрај Барди, Њукасл покажува интерес уште за Фикајо Томори (Челси), Брендон Вилијамс (Манчестер јунајтед) и Бубакари Сумаре (Лил).

ВИДЕО: Барди повторно тренира, Ристовски негативен на ковид-19