„Македонски Полициски Синдикат како единствен репрезентативен синдикат во МВР,  АР, АНБ и УФП после случувања кои зачестија во последно време со напади врз полициските службеници , сметаме дека процесот на јакнење на кривично-правната и прекршочната заштита на овластените службени лица, со посебен акцент на кривичните дела и прекршоци сторени против полициските службеници е повеќе од неопходен.

На почетокот сакаме да неведеме дека потполно сме свесни, недвосмислено и цврсто стоиме на ставот дека заштитата на здравјето и животот на граѓаните,  спроведувањето на законите и заштитата на Уставниот поредок,  се главните приоритети  на сите наши членови. Сите ние свесни сме дека вработени во институции кои се формирани исклучиво за да ги штитат  граѓаните, а воедно и да ги гонат прекршителите и криминалот, зашто само такви институции можат да гарантираат безбедност и функционирање на правната држава и непристрасно спроведување на законите за сите.

Но, истовремено сите ние треба да бидеме свесни дека за да  се постигнат овие  значајни приоритети, потребно е  надчовечки напор од страна на полициските службеници, кои од една страна не треба да се штедат себе си во намерата да ги заштитат граѓаните, а од друга страна пак морааат и да го заштитат својот живот и здравје.

Сите знаеме дека со новите законски измени  преку внатрешната и надворешната контрола над работењето на полициските службеници се придонесува кон јакнење на професионалиот однос и интегритетот на полицијата  и тоа ние го подржуваме.

Но, како синдикат сметаме дека поразителни се податоците кои секојдневно пристигнуваат до нас како синдикат воедно и секојдневно слушаме преку медиумите за нападите врз полициските службеници од страна на граѓаните. Паралелно на ова,  граѓаните од за нас необјасниви причини и за најмала реакција и превземање на било какво службено овластување на полициските службеници, реагираат жестоко и со физички напади . Скоро во сите такви случаи, тие се поддржани од Невладиниот сектор, кој пак експресно излегува пред јавноста со нивни пристрасни информации и толкувања, каде постојано наведуваат како по шаблон …дека се  прекршени човековите права, дека се пречекорени овластувањата, со што веќе однапред се осудени полициските службеници,  непочитувајќи ја презумцијата на невиност, игнорирајќи ја истрагата итн… Се со цел  како ударна  вест да биде пласирана  во  сите медиуми.

За жал сметаме дека немаме иста таква реакција кога е обратна  ситуцијата ,  кога е нападнат полициски службеник, а да не говориме за случаите кои по нивната природа бараат задолжително  да се направи детална анализа за тоа што навистина се случило, зошто полицискиот службеник превзел полициски овластувања, кое дејствие на граѓанинот го натерало полицискиот службеник така да постапи, дали со таквото дејствие на граѓанинот било загрозено здравјето , личната безбедност или животот на останатите граѓани и на крајот дали постапувањето на полицискиот службеник спречило да биде  загрозено здравјето , личната безбедност или животот на останатите граѓани.

Исто така сметаме дека процесот за  зголемување на контролата при примената на полициските овластувања, одредувањето на високи казни под притисок на невладините организации и јавноста,  без притоа да се превземат и определени мерки кои ќе ја гарантираат заштитата на сите полициски службеници кои постапуваат во согласност со законот, за да  на крајот  резултира со пасивизирање на полицијата, односно двоумење  кај полициските службеници,  за тоа какви полициски овластувања да употребат , во која мера,  се со цел да не ги “пречекорат” истите во очите на јавнооста.

Еден од многуте вакви случаи се случи на територијата на СВР Битола каде  со Првостепена пресуда, нашиот член е осуден со драконска и невобичаено висока казна затвор од една година.
За овој случај веќе се превземени сите мерки од страна на адвокатскиот тим на Македонскиот Полициски Синдикат  се со цел низ институциите да се докаже вистината за тоа што точно се случило на 21 Септември 2020 година во Битола.

Сметаме и цврсто сме уверени дека со ваквата Пресуда на Судот при одмерување на казната не се земени во предвид  околностите дека оштетениот во критичниот момент бил под дејство на алкохол и агресивно се однесувал за што се води и кривична постапка против него за кривично дело по член 383 од КЗ, која пак е  во привична фаза односно наредните денови е закажано првото судко рочиште додека нашиот колега е експресно осуден. Исто така не е замена во предвид и досегашна судска пракса која до сега била изрекување на условна осуда за полициски службеници дури кога е утврдена употреба на прекумерна сила при пречекорувањето на полициските овластувања.
Со оглед на погоренаведеното  Македонскиот полициски синдикат под итно сака да иницира јавна дебата околу ова прашање.

Јавна дебата на која ќе бидат поканети Судиите од сите судски инстанци , Јавни обвинители, Народниот правобранител,Адвокати, непосредни раководители кои издаваат наредби за постапување од МВР, АР,АНБ и УФП, полициски службеници кои дирекно работат на терен и секојдневно се среќаваат со проблемите, преставници на невладиниот сектор, медиумите. Секако на панел дебатата ќе бидат поканети и преставници од Советот на Европски Полициски Синдикати, преставници од братските синдикални движења во Шпанија, Италија, Португалија,Кипар,  Романија, Германија, Грција, Франција , Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина со кои сме во секојдневна комуникација и се известени за сите случувања.

Сметаме дека токму преку јавните дебати можеме да ги  презентираме  определени предлози и барања, да се разменат идеи, компаративни искуства се со цел изнаоѓање на решенија кои се нужно потребни за заштита на полициските службеници во превземањето на службените дејствија, кои само  доколку се имплементираат би можеле да зборуваме за некоја демократска рамнотежа во овој сегмент на општеството“, стои во соопштението на Македонскиот полициски синдикат.