Ним, за кој настапува македонскиот фудбалер Влатко Стојановски, одигра пријателска средба против француски Ајачио. Дуелот го доби Ним, а стрелец беше токму нашиот напаѓач. Стојановски влезе од клупата за резервни фудбалери, но во 85-га минута го постигна единствениот гол на мечот.
Ним се натпреварува во Втората лига на Франција. Новата сезона почнува на 24-ти јули, а Стојановски и Ним играат против Бастија.