Македонскиот Црвен крст денеска ќе испрати хуманитарена помош за украинското население. Оваа акција на собирање на хуманитарна помош трае неколку месеци, откако македонскиот Црвен крст се приклучи на апелот на украинскиот Црвен крст за помош уште кон крајот на февруари, веднаш по започнувањето на рускиот напад врз Украина.
Заради поефикасно собирање и координација на хуманитарната помош за Украина, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и Црвениот крст.
Во изминативе три месеци беа поставени штандови низ градот за сите заинтересираните фирми и граѓани да се вклучат во акцијата со издвојување помош и пари на сметка на Фондот на солидарност на Црвениот крст, како и на отворениот телефонски број за донација.