Сребрен медал добија учениците Јан Стојановски – втора година во ПСУ „Јахја Кемал” во Скопје и Мајкл Георгиевски – трета година во гимназијата „Добри Даскалов” во Кавадарци.
Бронзени медали добија ученичките Емилија Николовска – втора година во „Математичко – информатичка гимназија” и Сандра Недановска – трета година во ПСУ „ Јахја Кемал”, и двете од Скопје.
Водачи на тимот на Третата Балканска Олимпијада беа м-р асс. Христијан Кочанковски – лидер и проф. д-р Ламбе Барандовски – заменик лидер.
Третата Балканска Олимпијада по физика е организирана од Балканското унија на физичари и Бугарското друштво на физичари.
Поради ковид пандемијата Oлимпијадата се одржа на далечина, а локални организатори беа Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ) и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
На Oлимпијадата учествуваа 57 ученици од нашата држава, од Србија, Црна Гора, Грција, Кипар, Турција, Романија, Бугарија, Албанија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Словенија, Туркменистан, Казахстан и Иран.