Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов оваа сезона ќе го носи дресот на Шалке 04. Неговиот тим Штутгарт одлучи да ја прифати понудата на култниот германски тим, кој за жал сега ги доживува едни од најлошите години во клупската историја. Чурлинов доаѓа на едногодишна позајмица, со опција да биде откупен неговиот договор, а треба да биде промовиран во текот на денешниот ден бидејќи според информациите од Германија веќе ги минал лекарските прегледи.

Шалке оваа сезона ќе се натпреварува во втората Бундеслига, откако минатата не успеа да обезбеди опстанок во најсилното натпреварување во оваа земја. Инаку, овој тим е седумкратен првак на Германија, освоил пехар во УЕФА Купот, Интертото Купот, а пет пати го освојувал пехарот во Германскиот куп.