Партијата Македонски концепт бара да се пролонгира рокот за попишување со што дијаспората би имала повеќе време да се самопопише. Воедно од оваа партија бараат да биде овозможено онлајн попис и во Македонија.
-Македонски концепт бараат продолжување на рокот за попис на дијаспората поради настанатите технички проблеми на електронскиот систем за попишување, со што ќе им се даде можност на сите иселеници да се попишат. Дополнително од Македонски концепт бараат Владата и Државниот завод за статистика да овозможат електронско попишување на населението во државата исто како и дијаспората. На овој начин ќе ги заштитат здравјето и безбедноста на граѓаните и ќе се спречи дополнително ширење на вирусот Ковид-19.
Лидерот пак, на оваа партија, Петар Богојески ги повика премиерот Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров да лобираат кај македонските иселеници за помасовно попишување.
-Ги повикувам Заев и Димитров да излезат од конформата зона и да тргнат по македонската дијаспора, масовно да се попише. Секако доколку им дозволат Артан Груби и Бујар Османи, вели Богојески.