Дориан Бабунски (24) помладиот син на славниот македонски поранешен репрезентативец Бобан Бабунски ќе биде на проба во бугарскиот тим Ботев Враца. Како што објави овој тим, македонскиот напаѓач ќе го одигра пријателскиот меч против ЦСКА, па доколку се покаже добар и доколку ги мине лекарските прегледи, ќе потпише договор.

Дориан Бабунски беше дел од младинската школа на Реал Мадрид, но неговата кариера не се развиваше во посакуваната насока. Играше за Фуенлабрада, Олимпија Љубљана, а последно беа тимови од Јапонија. Има и неколку настапи за младите селекции на Македонија.