Македонскиот репрезентативец дефанзивец Ѓоко Зајков минатиот месец замина од Левски и потпиша за Ворскла од Полтава, Украина. Сепак, поради најновите тензии помеѓу Украина и руските сепаратисти, па и Русија, таму безбедноста е нарушена. Западните држави постојано порачуваат дека секој момент е можна руска инвазија врз Украина. Путин синоќа ги призна и отцепените делови на Украина, Доњецк и Луганск.
Апелите на македонското до нашите државјани кои се наоѓаат во Украина беше веднаш да ја напуштат земјата. Сепак, Зајков засега нема намера да се евакуира.
Го слушнав апелот на Министерството за надворшени работи, но по разговорот со админстрацијата на тимот бевме убедени дека ситуацијата не е толку сериозна и нема простор за паника. Доколку нешто се промени, ќе нè известат нас, а дотогаш треба да ги следиме инструкциите од клубот. Засега не планирам да се враќам во Македнија, ситуацијата е смирена. Украинците велат дека оваа ситуација во Донбас трае веќе осум години и секоја година се случуваат истите тензии. Луѓето си функционираат нормално, отворено е сè, нема ништо необично, вели Зајков за Телма.