Педесет и едногодишен македонски државјанин загинал во сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Брегана до Липовац во Хрватска, а уште едно лице било повредено, објави „360 степени“.

Од СВР Брод-Посавина информираат дека починатиот бил државјанин на Македонија и тој бил сопатник во автомобил со италијански регистарски таблички. Според информациите, и повреденото лице е исто така македонски државјанин.