Македонската таеквондистка Мила Рељиќ имаше успешен настап на Европското првенство во Софија, освојувајќи го бронзениот медал.

На патот до бронзеното одличје, Рељиќ беше поуспешна од Ива Петровиќ од Србија (2-1), Инес Тарвида од Латвија (2-1) и од актуелната европска шампионка до 21 година Хелена Кичема со 2-0.

Во борбата за влез во финалето, Рељиќ загуби од сестрата на Инес Тарвида – Јоланта, но со освоениот бронзен медал најави успешни настапи и на претстојното Светско првенство во Баку, на почетокот на јуни, и Европските олимписки игри кон крајот на јуни во Краков.