Македонската репрезентација до 21 година ги доби противниците во квалификациите за Европското фудбалско првенство 2023 кое ќе се игра во Романија и Грузија.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе играат во групата Х со Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија.
Составот на другите групи е:
Група А: Хрватска, Австрија, Норвешка, Финска, Азербејџан, Естонија.
Група Б: Германија, Полска, Израел, Унгарија, Летонија, Сан Марино.
Група Ц: Шпанија, Русија, Словачка, Северна Ирска, Литванија, Малта.
Група Д: Португалија, Грција, Исланд, Белорусија, Кипар, Лихтенштајн.
Група Е: Холандија, Швајцарија, Бугарија, Велс, Молдавија, Гибралтар.
Група Ф: Италија, Шведска, Ирска, БиХ, Црна Гора, Луксембург.
Група Г: Англија, Чешка, Словенија, Албанија, Косово, Андора.
Група И: Данска, Белгија, Турција, Шкотска, Казахстан.
На ЕП 2023 ќе патуваат вкупно 14 селекции, плус домаќините Грузија и Романија.