Македонија е меѓу трите земји кај кои нема подобрување на економијата според Виенскиот институт за меѓународни економски студии кој ги објави новите економски проекции за земјите од Источна Европа. Според истиот буџетскиот дефицит во првиот квартал завршил на 4,1 % од БДП. А се нотира и слабата реализација на капиталните расходи, која паднала за 34% под планот. Во првите пет месеци се регистрирани само 22%од вкупните јавни инвестиции што се проектирани за цела година. Предвидени беа дека ќе се потрошат 400 милиони евра оваа година за инвестиции, во првите 5 месеци се потрошени само 80 милиони евра.
„Владата не обезбедува доволно поддршка на економијата. Што значи тоа? Тоа значи дека владата не троши доволно онолку колку што треба да троши за ја поддржи економијата за да излезе од криза. Владата не го троши буџетот кој го донесе Собранието и затоа економијата нема да биде подобра од претходно“, вели Јовановиќ.
Според економистот Јовановиќ владата ја повторува истата грешка.
-Она што е најтрагично ова е повторување на истата грешка од лани. Лани поминавме полошо во кризата за време на пандемијата затоа што владата не трошеше доволно. Целиот свет трошеше сите колумнисти викаа трошете за да ја спасите економијата, владата не го правеше тоа доволно добро, оваа година ја повторува истата грешка-вели Јовановиќ.
Раст вели вицепремиерот Битиќи можеме да очекуваме најверојатно по 2022, до тогаш ќе се опоравуваме . Стагнацијата се должи на пандемијата- вели тој.
-Македонија заради пандемијата минатата година ја заврши со 4,5 % економски раст наспроти другите земји и тоа е еден од најдобрите резултати на Западен Балкан, а една од три од 27 во ЕУ. Се согласувам дека имавме стагнација, бидејќи имавме пандемија-рече Битиќи.
Благодарение на високите инвестиции во соседството Србија, Албанија и Косово веќе се враќаат во онаа предпандемиска состојба. Швајцарија е водечки инвеститор во Албанија (1,08 милијарди евра) и во Македонија (277 милиони евра) за петгодишен период. Во Косово, од прогласувањето независност, најголем инвеститор е Германија со 436 милиони евра.
Очекувањата се дека ќе има раст кај 20 земји од Централна, Источна и Југоисточна Европа за 4,2% во 2021 година, што е нагорна ревизија од 0,4% во споредба со априлската прогноза. Причините за тоа се силниот раст во САД (1,6%) и Кина (18,3%) во првиот квартал, како и ревидираната прогноза за раст за 2021 година за еврозоната (4,4%) и за ЕУ (4,5%).