Веќе синоќа бугарските дипломати детално го информирале раководството на Европската за инцидентот во Охрид. Синоќа околу 19 часот по локално време со огнено оружје бил оштетен клубот „Цар Борис Трети“. Веднаш по нападот на местото на настанот пристигнал бугарскиот конзул во Битола Димитар Иванов. Само во просториите на клубот внатре биле пронајдени 8 чаури, пишуваат бугарските медиуми. Дописникот на БГНЕС појаснува дека има снимка на која јасно се гледа автомобилот од кој се пукало и нема да им биде проблем на органите на прогонот доколку има вистинска истрага да ги пронајдат напаѓачите.

Македонската амбасадорка во Софија, Ангеса Руси Поповска ќе биде повикана на разговор во бугарското МНР, соопштија бугарските медиуми.