“Честитки за неговата екселенција господинот Бајрам Бегај, кој од вчера го започна својот мандат како претседател на Република Албанија. Амбасадата на Северна Македонија во Албанија со нетрпение очекува да ја продолжиме нашата блиска и добра соработка”, стои во честитката.

Advertisements

Бегај кој на 4 минатиот месец беше избран од страна на албанскиот парламент, со давањето заклетва во законодавниот дом и свеченото примопредавање, од синоќа официјално ја презеде функцијата.
Претходно на 29 јули амбасадорот Данчо Марковски оствари протоколарна средба со Бегај, лично честитајќи му го изборот.

На средбата биле разменети мислења околу најактуелните прашања од билатералната соработка меѓу двете земји, активностите поврзани со “Отворен Балкан”, при што Бегај ја истакнал воспоставената динамична соработка на премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и владите на двете земји.
Исто така ги поздравил позитивните резултати од економско трговската и другите свери на соработка, кои според него, даваат охрабрување за натамошно проширување и продлабочување во односите.
Се заложил дека во таа насока и тој ќе даде свој придонес.

“Бегај информираше дека имал прилика да ја посети Северна Македонија при што, остварил и средба со претседателот Стево Пендаровски. Амбасадорот Марковски изрази надеж дека по преземањето на функцијата, Бегај, ќе ја посети нашата земја”, објавија од амбасадата.

Прикажи повеќе