Лекарка со потекло е од Македонија, но која живее и работи во Хрватска, веќе примила две дози од вакцината против Ковид-19 на прозиводителот „Фајзер“. Силвана Младеновска, за „Слободен печат“ вели дека нејзиното искуство со вакцонацијата е позитивни и дека кај неа вакцината не предизвикала никакви несакани ефекти.
Во својот работен ангажман, Младеновска еднаш неделное во Центарот каде што се прават ПЦР тестови.
Првата доза ја примив на 27 декември, а втората на 18 јануари. Првиот пат имав лесна болка на местото на убодот. По примањето на втората доза немав ни болка. Нус појави и несакани дејства немав. Работам како доктор во здравствен дом Оточач, во личко-сењската жупанија во Хрватска. Ја водам амбулантата во Врховине и работам во стационарот во Оточач – вели Младеновска.
Таа додава дека само мал дел од здравствените работници решиле да ја примат вакцината, со напомена дека таа не е задолжителна ниту за здравствените работници. Како што вели, никој не ги присилува, ниту им кажува дека ќе ја загубат работата доколку одбијат имунизација.
Избор на вакцина немавме, беше донесена само „Фајзер“, немаше од друг производител. За жал, само мал дел од здравствените работници ја примија. Еден дел сакат да почекаат, други не веруваат ни во пандемијата, ни во ефикасноста на вакцината. Без страв ја примив вакцината. Читав доста, следев научни трудови. Контактирав со колеги кои работат со ковид пациенти. Свесна сум дека последиците од прележаната инфекција се многу пострашни и остануваат хронични последици. Новите вакцини се безбедни и ефикасни. Верувам во новите достигнувања на медицината – објаснува д-р Младеновска.
Таа вели дека секојдневно се труди да ги едуцира пациентите, за заштитните мерки и за вакцината. Директна работа со ковид пациенти имала само во амбуланта, но тоа е ретко и претежно со полесни случаи.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.