Македонија утрово го имаше својот прв претставник на Олимписките игри во Токио, откако Борјан Бранковски настапи во стрелаштво во својата дисциплина 10 метри со воздушен пиштол.
Бранковски настапи во квалификациите и истите ги заврши на 21-то место од вкупно 36 натпреварувачи, постигнувајќи 573 поени и прецизност од 9,55, што е нов државен рекорд. Сепак, тоа не беше доволно за финале на турнирот. Најдобар резултат во квалификациите имаше Чадари Саураб од Индија со 586 остварени круга.