Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за БТВ најави дека за неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија.
Како што јавува дописникот на МИА од Софија, министерот Османи оценил дека е грешка што во текот на овие години Македонија немала амбасадор во Бугарија, но изразил надеж дека во следните денови тоа ќе се случи.
Последниот амбасадор на Македонија во Бугарија беше Марјан Ѓорчев чиј мандат заврши на крајот на март 2020 година.