Северна Македонија повеќе не е во групата држава со „хибриден режим“ туку е една категорија погоре во „недоволни демократии“, покажува Индексот на демократија за 2021 година, што го објавува британски „Економист“.
Во споредба со 2020 кога беше рангирана на 78-то место од 167 земји со резултат од 5,89 и се наоѓаше во групата „хибридни режими“, според Индексот на демократија за 2021 земјава бележи подобрување и е рангирана на 73-то место со резултат од 6,03.
Во 2021 во споредба со 2020 има 13 земји кои преминале од една во друга категорија. Девет се рангирани во полоша, а само четири земји преминале од пониска во повисока категорија, меѓу кои и Северна Македонија. Нашата, заедно со Молдавија и Црна Гора се три држави кои преминале од „хибридни режими“ во „недоволни демократии“. Четвртата држава која е рангирана подобро е Мавританија – од „авторитарни“ преминала во „хибридни режими“
Во споредба со регионот, пак, полошо од нас се рангирани само Црна Гора која е едно место под Северна Македонија, и Босна и Херцеговина која е во групата „хибридни режими“